Ивандер Холифилд се враќа во рингот против боксерот кој последен го победи Мајк Тајсон

Во последните месеци Ивандер Холифилд во своите објави на социјалните мрежи покажа одлична форма со оглед на неговата возраст. Легендата на боксот има 58 години, но сепак е полн со енергија. Поранешниот светски шампион тргна по патот на Мајк Тајсон и реши да се врати во рингот.

Егзебициската пресметка меѓу Холифилд и Ајрон Мајк се споменува веќе некое време, но очигледно тој меч во моментов не е планиран.

Но, Ивандер веќе нема намера да чека и договори борба против Кевин Мек Брајд кој последен го победи Мајк Тајсон во 2005 година.

Егзебицискиот меч меѓу Ивандер Холифилд (44-10-2, 1НЦ) и Кевин Мек Брајд (35-10, 1 НЦ) ќе се одржи на 5 јуни во Мајами на настан предводен од светскиот шампион во лесна категорија Теофимо Лопез и Џорџ Камбозос.

Последниот професионален меч Холифилд го имаше во 2011 година кога го совлада Брајан Нилсен со технички нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО