Ивандер Холифилд не се сомнева кој би победил во борбата Тајсон Фјури-Мајк Тајсон

Фантастичните борби ја разгоруваат страста меѓу љубителите на боксот како ништо друго, особено кога станува збор за борба меѓу двајца шампиони во тешка категорија од две различни епохи.

А од овие меѓугенерациски борби во тешка категорија, Тајсон Фјури против Мајк Тајсон се споменува можеби повеќе од која било друга борба.

Говорејќи за Мејведер ченел, двократниот противник на Тајсон и поранешен неприкосновен светски шампион во тешка категорија, Ивандер Холифилд, не се двоумеше да го избере својот поранешен руивал како веројатен победник.

„Тајсон – Мајк Тајсон!“, одговори Холифилд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО