Ивана Аврамова: Како се станува шампион, можете да научите само од вистинскиот шампион! (ФОТО/ВИДЕО)

Luka Valdesi vo Umag so deca

Како се станува шампион може да се научи само од вистинскиот шампион е ставот на Ивана Аврамова од КК Урбан инвест, која заедно со Симона Трајкоска од КК Јошитака, го носат на семинар во Скопје синонимот за кати-Лука Валдеси од Италија.

Luka Valdesi vo unag so deca 2

„Идејата за организација на семинар со светскиот шампион во кати, Лука Валдеси, произлезе уште првиот пат кога ја имав честа да му судам како светски судија на Светското првенство за сениори. Енергијата која произлегува додека тој ги работи катите не може да се опише, тоа може само да се почувствува. Уште тогаш знаев дека идолот на мојата ќерка Владанка е тој од кого таа треба да учи. Тогаш бев на идеа да ја однесам во Италија на неколку тренинзи со него“, раскажува Ивана, која многу години беше неприкосновена во изведбата на кати во нашата земја, но и пошироко.

Luka so ivana, vladnka i petar

Ангажиманот на Валдеси на семинарот во Умаг, Хрватска, минатото лето, е основниот мотив дека таму мора да се појде без разлика на цената.

„Не погрешивме. Учествуваме со неколку натпреварувачи од Македонија и бевме презадоволни од неговиот пристап кон децата и од неговото знаење на шотокан катите. Лука Валдеси е шампион во вистинска смисла на зборот. Неговиот начин на работа со децата е восхитувачки. Беше подготвен да објасни нешто и по милион пати на секое дете поединечно, да се фотографира, да се потпише и се што ќе побараа од него. Го прашуваа за сите работи и ситници кои ги интересираа за катите, а тој ведар и со насмеано лице им објаснуваше на сите поединечно. Затоа децата го обожаваа. Секогаш во првите редови, на секое негово прашање, секогаш подготвени да одговорат, да се докажат. Заминаа оттаму со прекрасни впечатоци, полни со енергија и желба еден ден да и тие го достигнат тоа што го постигнал нивниот идол Лука Валдеси“, истакнува Аврамова.

luka valdesi kata noga

Заедно со Симона, која одличен познавач на катите и освојувач на првиот европкси медал за сениори во кати, на семинарот во Умаг се согласиле дека тоа е тоа што им треба на децата кои работат кати и дека мора да го донесат Лука во Скопје. Така, да децата кои немаат можност за бидат во Умаг, на Светскиот камп, во Скопје ќе имаат можност да тренираат и научат нешто повеќе за шотокан катите.

„Затоа им препорачувам на сите кои ги сакаат и тренираат шотокан катите, да не ја пропуштаат можноста да тренираат заедно со Лука Валдеси, бидејќи, како се станува шампион, можете да научите само од вистинскиот шампион“, категорична е Ивана Авармова

Семинарот на Валдеси е на 2 и 3 април во Скопје во слата Форца.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО