Иван Викиќ жали што не настапи Изборното првенство за Балканец, но на Државното доаѓа

 

Поранешниот борач на Спартак кој сега е дел од екипата на Балканец, Иван Викиќ, не настапи на Државното изборно првенство вчера во Штип поради смртен случај во фамилијата. Тој жали што не беше дел од големата конкуренција, но ветува дека на Државното првенство сигурно ќе настапи.

„Сакам да кажам дека од 2001 година, веќе 16 години, се занимавам со таканаречените насилни спортови – борење и џудо. А за две години одработив 13 профи борби во ММА. Иако се преселив да живеам во Србија, која ја претсетавувам во ММА, и понатаму ќе се борам за Македонија, за Балканец. Горд сум што се борам за двете држави“, вели Викиќ за Ipon.mk.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО