Иван Викиќ жали поради поразот, се радува за потпишаниот договор со Тим Кобрас!

ivan-vikik-i-branislab-tasik

Иван Викиќ на 25 ноември го направи своето деби на ММА сцената во Германија на „Ноќата на големите фајтери 2“ против Чеченецот Хајрудин Хутиев во категоријата до 93 килограми, од кого загуби со нокаут во првата рунда во германскиот град Офенбург.

vikik-merenje-vo-germanija

Виќиќ си ја признава грешката, но изразува и задволство, бидејќи потпиша договор за Тим Кобрас од Германија предводен од Брацо Тасиќ.

„По тешкиот нокаут што го добив, сигурно секојо од вас ќе рече дека тоа ја поминало секоја граница и ќе треба да одам да играм шах. Добро знам поради што изгубив, а тоа е: недоволна работа, искуство, досега условите беа нула. Неколку пати тренирав сам со неколку другари, но тоа не е доволно. Но мојата упорност штотуку  ме доведе до вистинскиот човек, мојот менаџер – Бранислав Брацо Тасиќ, кој иако изгубив ми укажа доверба и ми пружи голема шанса да успем и заедно да стигнеме до целта. Не е лесно, инаку секој би бил борец. Баш сега, кога е најтешко, се удираме во глава и одиме напред. Со оваа порака сакам да се заблагодарам секој што ме поддржа и на оние што не ме поддржаа. Ветувам дека ќе го поправам моите резултати и успеси во онае што го сакам од срце“, вели полн со емоции Иван Викиќ, борачот на Спартак од Кочани, кој гради ММА кариера.

Ipon.mk/В.К.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON