ММА борецот Иван Вичиќ, кој на спортската јавност во Македонија и е познат и како борач на БК Спартак од Кочани, во вторник заминуваво во Штудгарт, Геманија, на 15 деневен камп.
Целта на кампот е усоврсување на рачната техника-бокс и бразилското џиу- џицу. Таму ќе работи со врвни борци кои се борат во најдобрите организации во светот.
Кампот е во организација Тим Кобрас од Германија чиј член е Викиќ.
„Ја користам приликата да му се заблагодарам на мојот менаџер Бранислав Брацо Тасиќ за огромната шанса за напредок и укажаната доверба. Сонот полека станува јаве“, вели Иван кој досега се подготвуваше со борачите на Спартак.