Иван Виќиќ против Маро Перак на 25 јуни во Сплит

Ivan Vikik gard udar

Иван Викиќ на 25 јуни ќе настапи на Кокс фајт најт во Сплит-Хрватска, против Маро Перак од Хрватска.

Ivan Vikik gard udar

Борбите ќе се одржат на шеталиштето Ивана Павла II во Сплит, во организација на ММА тимот Ураганот и Кокс и вклучува кик-бокс и ММА борби.

Во хрватските медиуми се вели дека Маро Перак ќе застане пред претставникот на Србија, Иван Виќиќ, кој во неговата кариера постигнал две победи и претрпел два порази.

„Борбата е договорено до 95 килограми“, истакна Маро, кој потврди дека продолжува да работи со Бранко Цикатиќ.

„Тренирам со стандардниот тренер Бранко Цикатиќ во Сплит, но исто така и со другите. На овој начин сакам да им се заблагодарам, знаат тие кои се, не треба посебно да ги именувам“.

FNCL plakat za Vikik

ММА подготовките ги прави и во Дубровник, а мотиви за настап не недостасуваат.

„Посебен мотив за настап мие тој што сакам да се тепам. Покрај тоа треба да имам што повеќе натпревари поради искуство. Противникот ќе дојде да се бори со мене и тоа ми и е важно. Мислам дека во овие четири борби не покажа она што го знае“, вели Перак.

Маро во последниот настап го порази Јуриј Горбенко.

Pesko boraci Spartak juni 2016

За разлика од Маро, Иван се подговува во Кочани со клупските другари од Спартак, кои му помгаат што подобро да се подготви.

„Веќе некое време сум во Кочани и максимално сум посветен на подготовките за мечот со Маро Перак, кој е многу добар борец. Очекувам квалитетна борба и победа“, вели Виќиќ.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON