Биспинг: Ќе му го скинам вратот Мек Грегор

Bisping Mek gregor

Новиот шампион на УФЦ во средна категорија, Мајкал Биспинг, со насмевка ги коментира кажаните работи од фанови на интернет дека во иднина би можел да се сретне со Конор Мек Грегор.

Биспинг се уште нема ривал за прва одбрана на титулата, освоен против Лук Рокхолд, на големо се шпекулира за враќање во октагонот Жорж Сент Пјер. Често се споменува и името на легендата Дан Хендерсон.

Коментирајќи го Мек Грегор, Мајкал Биспинг изјави:

„Слушајте, пред некое време имаше птичка што ме задеваше, но таа птичка требаше да замине. Вратот му беше прекршен. Би му го скршил и вратот на Конор Мек Грегор на сличен начин. Конор е висок точно колку и овој тросед тука, јас сум крупен вид – и сум 188 сантиметри британско говедо. Конор е Ирец и е висок околу 127 сантиметри. Тоа дури и не би било фер. Се сомневам дека таков натпревар дури би бил дозволен. Но Конор е одличен за неговата категорија, тој е најдобар. Го сакам, но доста веќе“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО