Иван Викиќ борењето и џудото ги замени со ММА за поголем успех

Vikik pobednik

Иван Викиќ (27 г.) кој е роден во Смедерево-Србија, многу работи го поврзуваат со Македонија, инаку е и државјанин на Македонија, а мајка му е Кочани, во спортските кругови во последно време е познат по ММА настапите. Викиќ минатата година настапи на Фајт најт чемпион во Велес и загуби со нокаут од Марјан Агелески, а на 28 февруари е пре нов предизвик во Панчево, Србија.

Спортската кариера ја почнува во Кочани, тренира и настапува за БК Спартак од 2002 до 2011година, а во исто време тренира и џудо за ЏК Миоки од Скопје.

„Повеќе пати бев државен првак и вицешамион на Македонија. Но, работите тргнаа наопаку, така што останав без услови и без клуб. Клубот се распадна. Не сакав да се откажувам и решив да се вратам во Србија и да продолжам со спорстката кариера. Сега во борење настапувам скопски Вардар и во ултимејт фајт за ММА клубот „Будо“ од Велес. И за Македонија и за Србија. Исто така, бев државен првак на Србија во комбат-врестлинг, при што обезбедив учество на Светско првенство во Варна, Бугарија, каде што го освоив 4-тото место“, истакнува Викиќ.

Vikik na plakat

Неговото прво натпреварување во ММА е во Белград на Државното првенство на Србија за аматери, на кое што го освојува бронзениот медал во категоријата до 93 килограми.

„Потоа прејдов во профисионалните води. Засега имам двер профи борби,едната беше во Велес, за жал, ја изгубив со нокаут во супер тешка категорија во првата рунда. Втората борба ја победив во првата рунда со техничким нокаут во категорија до 93 кг. Но, тука не е крајот, бидејќи мојата следна борба е на 28 февруари, со многу јак и искусен противник, Стефан Пит Станковиќ, кој је за секоја пофалба и е многу поискусен од мене. Но, ќе дадам се од себе, па подобриот нека победи“, вели Иван, нагалсувајќи дека неговата цел е да успее во ММА.

„Верувам во себе и во она што го работам“, категоричен е Викиќ.

Тој и се заблагодарува од се срце на неговата пријателка во Швајцарија, Мира Костиќ, зашто единстевно таа го помогнала финансиски за натпреварувањата.

„Без неа не знам дали ќе успеев“, констатира Викиќ, кој уште повеќе се врза за Македонија, затоа што сопругата му е од Кочани.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON