ММА борецот Иван Вичиќ доживеа незгодна повреда на работа која го оддалечи од реванш борбата со Стефан Пит Станковиќ на 17 спетември во Врање – Србија на Гладијатор фајтинг чемпионшипс. Првата борба ја одби Вичиќ.
„Повреда ја добив на работа. Едена работник непромислено пуштил ќерамида од спратот. Среќа што бев наведнат, па така ќерамидата ми помина покрај главата и ми го скрши палецот“, раскажува Вичиќ како настанала повредата и додава: „Утре ќе одам да ми го вадат ноктот во кочанската болница“.
Иван напорно се подготвуваше за мечот со Станковиќ.
Ipon.mk/В.Д.