Иван Јанев од Бучим: Со поддршка на кочанската публика очекувам да ја одбранам титулата

Државното првенство во борење за сениори во Кочани носи повеќе предизвици – кој ќе ја освои титулата, кој ќе постави апсолутен рекорд, но зошто публиката ќе навива за борачи кои не се членови за БК Спартак.

Еден од тие борачи е Иван Јанев, роден кочанец кој настапува за Бучим од Радовиш.

Иван истакнува дека после една деценија и повеќе Државното првенство во борење за сениори ќе се одржи во Кочани во спортската сала на ОУ Никола Карев, благодарение на организираноста и амбициозноста на управата на БК Спартак.

„На ова првенство ќе настапи и мојот матичен клуб Бучим од Радовиш со комплетен состав, односно компилација од помлади и поискусни борачи од кои очекуваме солидни резултати и неколку златни медали“, вели Јанев и додава:

„Јас лично се подготвувам добро подолго време за ова првенство. Се чувствувам одлично и без повреди, што е најбитно. Очекувам да ја одбранам титулата државен шампион од 2021 година. Верувам дека со поддршка и од домашната публика, другари, роднини заедно ќе се радуваме на златниот медал. Им посакувам на сите клубови пријатен престој во Кочани и најдобрите нека победат“.

Државнто првенство се одржува во недела во Кочани во салата на ООУ Никола Карев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON