Ив Ланду дебитираше во Белатор како од сништата. 34-годишниот борец од Франција се соочи со Тери Бразиер во деби настанот на организацијата во Париз. Двајцата се бореа во лесна категорија и нивната борба беше главна на настанот во Париз.
Ланду успеа да зададе удар со летечко колено и да го запре противникот за 2 минути и 18 секунди. Со оваа победа, Ив се врати на победите и доби 5 од последните 6 борби. За Бразиер ова е втор последователен пораз. Погледнете што направи Ив во Белатор октагонот:
https://www.instagram.com/p/CGLLX-vp9Jx/?utm_source=ig_embed
И, ако овој нокаут не ве импресионираше, тогаш прославата на Ланду за победа сигурно ќе ве импресионира:
https://www.instagram.com/reel/CGLM5NXDS_k/?utm_source=ig_embed