Мамед Халидов со феноменален нокаут за 36 секунди над Ашкам (ВИДЕО)

Легендарниот поранешен шампион во две категории на КСВ, Мамед Халидов се врати громоголасно.

40-годишниот Чеченец се пресмета со шампионот во средна категорија Скот Ашкам во главната борба на КСВ 55 во Полска. Тоа беше втора битка меѓу нив, откако Скот минатата година успеа да го победи Халидов со одлука на судиите во борба која не беше за титулата.

Многумина го отпишаа Халидов, кој влезе во битка со серија од три последователни порази, но ги замолкна критичарите со феноменална изведба. Мамед го удри неговиот противник во главата и го испрати на земја со тежок нокдаун. Ашкам очигледно не знаеше каде се наоѓа, а Халидов нападна со уште неколку удари и судијата ја прекина борбата, која траеше само 36 секунди.

Со оваа победа Мамед ја врати титулата во средна категорија и ја прекина серијата од три последователни порази. Повторно нè потсети на своето славно минато во кое ја уништи конкуренцијата. Мамед го зголеми скорот на 35-7-2 во ММА, а 31 од победите се со завршница. Ашкам, пак, ја загуби серијата од 5 последователни победи и ова му е прв пораз во КСВ. Двајцата се договорија за реванш и веројатно ќе има трилогија.

КСВ 55 – Резултати:
Мамед Калидов во првата рунда го победи Скот Акшам со ТКО
Михал Матерла го победи Александар Илиќ со ТКО во Р2
Дамијан Јаниковски со одлука го победи Андреас Густафсон
Томаш Романовски со одлука го победи Јон Сурду
Дамијан Стасијак го победи Патрик Сурдин со ЗВР Р3
Пржемислав Мисиала го победи Стјепан Бекавац со ТКО Р3
Кристијан Казубовски со одлука го победи Јакуб Камијанијарз
Каролина Војчик со одлука ја победи Силвија Јускиевич

https://www.youtube.com/watch?v=d09P44SQtcY&feature=emb_logo

https://www.instagram.com/p/CGLbnq6o_P5/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО