Италијански боксер почина по нокаут во Тајланд (ВИДЕО)

На турнир во Тајланд за ветерани италијанската легенда Кристијано Дагио претрпел нокаут во борба во бокс борба. Тоа не би било ништо ново за светот на боречките спортови, но сега пристигна и трагичната вест дека последиците биле до толку големи, што во болницата била констатирана смрт.

Четериесети и деветгодишниот Дагио во својата кариера во седум наврати бил мај тај шампион, а животот го загубил откако два дена минал во кома по претрпените удари во борбата која донесе најнепосакувани последици.

„Тој почина, така како што сакаше да почине. Не жалам за тоа. Брат ми беше таков човек. Тој сакаше да се бори додека не наполни 80 години. Боксот беше неговиот живот. Си замина како шампион“, коментира братот на починатиот Кристијано Дагио.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON