Флојд за противникот: Тој е млад, брз и гладен – немам трпение (ВИДЕО)

Легендарниот боксер Флојд Мејведер изненадувачки изјави дека повторно ќе се качи на рингот. Овој пат тоа ќе е во организацијата Ризин каде ќе се бори со Теншин Насукава на Нова година во Јапонија.

41-годишниот боксер не се борел откако го победи со нокаут Конор Мек Грегор во бокс меч минатата година во Лас Вегас. Тогаш ја заокружи статистиката на 50-0, а паричникот му се наполни со 300 милиони долари.

„Се е со цел за забава. Сакам да се забавувам, ми се допаѓа и луѓето да се забавуваат – Кој не сака? Ќе биде интересно да се оди на другиот крај на светот и да се забавува со мојот противник“.

Во Јапонија, 20-годишниот Теншин Насукава. се смета за еден од најдобрите спортисти во последните неколку години. Мејведер очекува интересна битка со младиот талент, кој последен пат се бореше во септември по правилата на кикокбсот и победи на Ризин 13.

„Тој е многу брз, многу млад и сигурен сум дека ќе сака добро да се претстави пред своајата публика. Сигурен сум дека публиката ќе навива за него, но јас излегувам за голема кауза. Борбата е многу посебна. А за мене лично – да бидам во рингот со млад борец кој е гладен за победи … ќе биде многу, многу интересно и немам трпение“.

https://www.youtube.com/watch?v=9BQBSzyQkPk

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО