Филип Додевски го освои златниот медла на Г-1 турнирот во таеквондо „Белград опен“ на кој се собираат бодови за Олимпискит игри во Токио 2020.
Овој турнир важи за еден од најсилните од оваа серија во светот.
Додевски извојува 4 победи против натпреварувачи од Хрватска, Германија, Шпанија и во финалето од Шведска. Ова е еден од најголемите успеси на македонското таеквондо на Г-1 турнирите.
И тоа не е се, бидејќи Филип Стаменов освои бронзен медал.
Ipon.mk