Анамарија Георгиевска освои историски бронзен медал на СП за јуниори во таеквондо (ФОТО)

 

Голем успех на Анамарија Георгиевска (-59 кг) на Светско јуниорско првеснтво во таеквондо,  освојувајќи го бронзениот медал кој е прв за еден македонски репрезентативец на светските првенства.

Анамaрија на Светското првенство во Хамамед – Тунис, во полуфиналето загуби од фаворитката Ју А Парк од Јужна Корeа со 14-21. Со овој пласман Анамарија Георгиевска обезбеди виза за младинските Олимписки игри во Буенос Аирес во Аргентина ова лето.

На патот до полуфиналето Георгиевска забележа три победи против Тока Хасанод Египет 7-5, Гианела Еволо од Аргентина 26-7 и во четвртфиналната борба со 15-6 ја совлда фаворитката од Иран, Махса Киадалири!

Златниот медал во оваа категорија го освои Србинката Серџа Стевиќ, а вториот бронзен Лилија Кузина од Русија.

Вчера Филип Стаменов (-59 кг) загуби од Јанг Јун Ли од Јужна Кореа 5-30, а Ива Поповска е поразена од Нуран Елшорбаги од Египет 12-34.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON