Ислам Махачев тренира под будното око на Хабиб Нурмагомедов (ВИДЕО)

Се покажа дека актуелниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Ислам Махачев, почна да се подготвува за уште една одбрана на титулата. Неговиот веројатен противник е Дастин Пориер.

Ислам Махачев веќе неколку недели повикува на борба во октагонот. Месецот на Рамазан е скоро завршен и Ислам е подготвен да тренира со полна брзина. Неодамна штитеникот на Хабиб Нурмагомедов покажа дека е подготвен за секој противник, а единствена топ опција која е достапна во моментов е Пориер. „Дијамантот“ потврдува и дека во следната борба ќе се соочи со Махачев.

На социјалните мрежи се појави кратко спаринг видео на кое се гледа како Ислам тренира под надзор на Нурмагомедов. Ова се случува во салата на Хабиб во Дагестан. Заедно со видеото, Хабиб напиша цитат од неговиот покоен татко кој гласи:

„Дисциплината е поважна од талентот“- Абдулманап Нурмагомедов.

32-годишниот Махачев (25-1 ММА) призна дека ја одбил понудата да се бори со Леон Едвардс на УФЦ 300 поради Рамазан. Ислам последен пат ја одбрани титулата со победата над Александар Волкановски на крајот на 2023 година во Абу Даби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО