Ислам Махачев го прогнозира можниот боречки меч меѓу Џон Џонс и Даниел Кормиер

Актуелниот шампион во полусредна категорија на УФЦ, Ислам Махачев, коментираше како би се одвивал евентуалниот боречки меч еѓу две од најголемите легенди на организацијата – Џон Џонс и Даниел Кормиер.
Според Махачев, токму борењето е клучот што би можел да му даде предност на Кормиер:
„Кормиер може да се натпреварува со Џон Џонс токму во борењето. Џонс е добар борач, но ова е елементот на Даниел – тој е борец на олимписко ниво“, рече Махачев во интервју за ММА метарејтингс.
Ислам Махачев моментално е во серија од 16 победи во УФЦ. Во својата професионална MMA кариера, Русинот има 28 победи и само еден пораз, дебитираше во 2010 година. Покрај тоа, Махачев сега е меѓу ретките борци во историјата на УФЦ кои станале двојни шампиони, потврдувајќи го статусот на еден од најдоминантните натпреварувачи на неговата генерација.



