Ислам Махачев нема ништо против за борба со Мек Грегор: Ако ме повика УФЦ, ќе бидам подготвен

Биспинг најави дека УФЦ во случај на победа над Чендлер на Мек Грегор веднаш ќе му дадат шанса за титулата, а Ислам нема ништо против тоа.

Минатата недела официјално беше објавено дека Конор Мек Грегор и Мајкл Чендлер ќе бидат тренери на следната сезона на ТУФ, а Мајкл Биспинг веќе најави дека Конор ќе атакува на титулата во случај на победа над Чендлер. За Конор важат различни правила и колку и да протестирате, тоа е само така.

Оваа сабота во Австралија се одржува настанот УФЦ 284, а на него секако водечки се Ислам Махачев и Александар Волкановски. Ислам првпат ќе се обиде да ја одбрани титулата, додека Волкановски ќе се обиде да го добие појасот во лесна категорија и статусот двократен УФЦ шампион. Ислам со ентузијазам ги дочека зборовите на Биспинг и нема ништо против пресметка со популарниот Мек Грегор:

„Чендлер против Конор е добра борба за навивачите на ММА, но има многу простор меѓу мене и нив двајца. Тоа е само добра борба за навивачите и тоа е тоа. Моите пријатели би биле вознемирени доколку таа борба се договори (Ислам против Конор), но ви велам, ако ме повика УФЦ, ќе бидам повеќе од подготвен“, изјави Махачев за ММА Џанки.

Засега се уште не е познато кога Чендлер и Мек Грегор ќе се соочат, но најверојатно тоа ќе биде наесен или дури на крајот на годината. Веста која ја изнесе Биспинг воопшто не е изненадувачка, бидејќи е познат односот на УФЦ и Конор, па нема сомнеж дека во случај на победа над Чендлер ќе му дадат шанса за титулата.

Ако навистина се случи, борбата меѓу Махачев и Мек Грегор сигурно ќе ги врати спомените од онаа со Хабиб и се што се случуваше околу неа. За да се случи тоа, прво треба Махачев да го помине Волкановски, а Мек Гергор да го победи Чендлер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО