Рускиот шампион во лесна категорија на УФЦ, Ислам Махачев зборува за својата следна борба.
Во моментов организацијата на Дана Вајт се уште нема нов противник за Дагестанцoт. Во исто време, според самиот Махачев, тој може да влезе во октагонот во октомври на УФЦ 294 во Абу Даби (ОАЕ). Ислам сега има 31 година.
Русинот стана шампион на УФЦ во октомври 2022 година победувајќи го Бразилецот Чарлс Оливеира во втората рунда. Вкупно, Махачев направи 25 борби во мешани боречки вештини, во кои направи 24 победи и претрпе 1 пораз.
„Нема потпишани договори. На 21 октомври ќе има турнир во Абу Даби. Таму најверојатно ќе се борам“, изјави Махачев за „Матч ТВ“.
Во последната борба Махачев ја одбрани титулата со победа над Александар Волкановски. Ова се случи на почетокот на годината во Австралија.
View this post on Instagram