Ислам Махачев ја претставувал Украина на почетокот на својата кариера.
Неприкосновениот шампион на УФЦ во лесна категорија излезе во кафезот со знамето на Украина. Интересен податок е дека и Хабиб Нурмагомедов на некои од своите натпревари го носеше знамето на Украина. Семејството на Хабиб има долга врска со Украина.
Неговиот татко Абдулманап Нурмагомедов ја започна својата спортска кариера со борење во слободен стил во Украина. На крајот го освои првенството на Украина во џудо и самбо. Адбулманап го тренираше брат му да го освои шампионатот во самбо за украинската репрезентација.
Таткото на Хабиб и неговите двајца чичковци (тројцата браќа Нурмагомедов) го завршија своето високо образование во Полтава, Украина. Хабиб во минатото неколку пати аплицираше за украинско државјанство, но сите барања беа одбиени.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Махачев оди на рингот со знамето на Украина. Навивачите во коментарите пишуваат дека во тоа време Украина била спонзор на тимот на Абдулманап, поради што тие ја претставувале оваа земја.
Друг пишува дека таткото на Хабиб е поранешен украински војник и многу од нивните роднини се Украинци. Ислам се враќа викендов да се бори со Александар Волкановски во Австралија.
View this post on Instagram