Ислам Махачев: Илија Топурија бега од Арман Царукјан

Ислам Махачев верува дека Илија Топурија ја избегнува борбата против Арман Царукјан.
Во јуни, Махачев се откажа од титулата во лесна категорија за да може Топурија да се бори за неа. Илија, пак, се откажа од титулата во перо категорија за да се искачи во лесна. Во јуни го нокаутира Чарлс Оливеира и ја освои титулата во новата категорија. Оттогаш, Џастин Гејџи, Арман Царукјан и Пади Пимблет не престанаа да го предизвикуваат.
Топурија е отворен за борба со Гејџи и Пимблет, но категорично го отфрли Царукјан. Пред медиумите „Матадорот“ изјави дека ќе го ослободи појасот, но нема да го брани против Арман. Порано оваа година Царукјан требаше да се бори за појасот со Махачев, но се откажа поради повреда. Дана Вајт беше бесен и рече дека нема да му даде шанса за титулата додека не забележи уште 1 победа.
Арман сака борба со Топурија, но нема да ја добие. Ова го наведува Махачев да верува дека Илија бега од Царукјан:
„Не е тајна дека Илија бега од Арман. Веќе видов коментари на интернет каде што Илија вели дека ќе се пензионира, но нема да се бори со Царукјан“, рече Махачев.
View this post on Instagram



