Ислам Махачев е подготвен за борба со Илија Топурија
Шампионот на УФЦ во полусредна категорија, Ислам Махачев, изјави за време на неговата посета на Србија

Шампионот на УФЦ во полусредна категорија, Ислам Махачев, за време на посетата на Србија изјави дека е отворен за борба против шампионот во лесна категорија Илија Топурија. Сепак, Русинот не прецизираше во која категорија ќе се одржи евентуалната суперборба.
34-годишниот Махачев претходно нагласи дека не гледа причина да се врати во лесна категорија, каде што веќе ја докажа својата супериорност. Од друга страна, 29-годишниот Топурија е исто така шампион во две категории и се очекува да се врати во октагонот ова лето.
„Ми се допаѓа идејата“, изјави Махачев за српското издание Телеграф во врска со евентуалниот судир со Топурија. „Ако УФЦ ја сака оваа борба, а знам дека многу фанови на MMA ја сакаат оваа борба, јас сум подготвен“.
Во врска со неговата следна одбрана, шампионот откри дека чека одлука од организацијата.
„Има многу кандидати во мојата дивизија кои заслужуваат шанса за титулата. УФЦ наскоро треба да го објави мојот следен противник. Тоа е сè. Само чекам“, додаде тој.
Махачев додаде дека ќе продолжи со целосен тренинг по Рамазан и планира да се врати во кафезот налето. Тој не ја исклучи можноста ова да се случи на гала вечерта планирана на теренот на Белата куќа во јуни.
„Да, ова е веројатно арената каде што ќе се борам следниот пат. Нема да тренирам за време на Рамазан, а потоа постепено ќе почнам да се подготвувам. Ќе бидам подготвен да се борам во Белата куќа или на друг турнир“, додаде шампионот.



