Ислам Махачев е новиот шампион на УФЦ во лесна категорија, Стерлинг ја одбрани титулата во бантам категорија (ВИДЕО)

Ислам Махачев го победи Чарлс Оливеира со прекин во втората рунда на настанот УФЦ 280 во Абу Даби и ја освои шампионската титула во лесна категорија.

Дагестанецот одлично стартуваше и одлично го погоди Чарлс. А потоа борбата отиде во на партер каде и двајцата покажаа одлични вештини.

Првиот дел од втората рунда помина борејќи се на нозе, а потоа Махачев зададе силен удар кој го потресе Бразилецот.

Ислам продолжи да напаѓа, на две минути пред крајот на рундата, Дагестанецот со десна кроше го собори Оливеира и ја искористи можноста за гушење со триаголник на рака. Бразилецот се предаде.

Во борбата за титулата, Алјзамејн Стерлинг со прекин во втората рунда го победи Т.Џ. Дилашоу и по вторпат го одбрани шампионскиот појас на УФЦ во бантам категорија.

Алјамаејнн веднаш тргна агресивно и го собори противникот. Целата рунда помина во борба на партер во која доминантен беше Стерлинг.

Се беше готово во втората рунда, во која Алџамејн продолжи да доминира и уште еднаш со прекин ја одбрани титулата. Тоа беше негова 22-ра победа во кариерата и осми триумф во низа.

Шон О’Мели го победи Петар Јан со поделена одлука. Мечот изобилуваше со одлични потези, но се чини дека Шон беше малку поактивен.

На крајот од средбата и двајцата борци се простија пријателски.

Бенеил Дариуш стигна до својата осма победа во низа. Дариуш го победи Матеуш Гамрот со едногласна одлука на судиите во борбата во лесна категорија.

Полјакот подобро влезе во мечот, но брзо се истроши, па Бенеил го искористи своето искуство и без проблем стигна до триумфот.

Во борбата на двете најдобри воинки во мува категорија Катлин Чокагијан беше поразена со едногласна одлука на судиите од Манон Фиорот.

Во многу изедначен меч Манон ја потврди улогата на фаворит и се надева на нова можност за меч против шампионката Валентина Шевченко.

Во втората рунда Французинката ја презеде иницијативата и го сврте мечот. Крајот на натпреварот понуди малку возбудувања.

Манон ја соборуваше Американката и на тој начин ја освои наклонетоста на судиите кои бодуваа во нејзина корист.

Резултати од УФЦ 280:
Ислам Махачев – Чарлс Оливеира – завр. (гушење со рачен триаголник), Р2 (3:16)
Алџамејн Стерлинг – Т.Ј. Дилашоу – ТКО (удари), Р2 (3:44)
Шон О’Мели – Петар Јан – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)
Бенеил Дариуш – Матеуш Гамрот – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Манон Фиорот – Катлин Чокагијан – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)

Воведни борби:
Белал Мухамед – Шон Брејди – ТКО (удари), Р2 (4:47)
Каио Бораљо – Махмуд Мурадов – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Никита Крилов – Волкан Оездемир – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Абубакар Нурмагомедов – Гаџи Омаргаџиев – едно.одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Армен Петросјан – А.Ј. Добсон – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Мухамед Мокаев – Малколм Гордон – завр. (армбар), Р3 (4:26)
Кeрол Роза – Лина Лансберг – мнозинска одлука (29–27, 29–27, 28–28).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО