Ислам Махачев добива посебен третман од УФЦ

Реј Лонго, кој е тренер на шампионот на УФЦ во бантам категорија, Алџамејн Стерлинг, неочекувано проговори против Ислам Махачев.

Тимот на Стерлинг не е среќен што УФЦ закажа борба против Шон О’Мели за 19-ти август во Бостон. Алџамејн почна да се жали на повреди и навести дека можеби нема да се бори толку наскоро. Стерлинг последен пат, пред неполн месец, го победи Хенри Сехудо.

Алџамејн не се бори толку често, а тоа го нервира Дана Вајт. Претседателот на УФЦ се закани дека ќе создаде привремена титула во бантам категорија доколку Стерлинг не се бори со О’Мели. Лонго реши да го заштити својот шампион и за таа цел даде пример со Махачев.

„Едноставно е неправедно, Махачев не се борел цела година! Па, зошто Стерлинг мора да влезе во октагонот за да се бори за два месеци? Зошто, Бога ми?

Претпочитам се да биде фер и сите да имаат исти услови. Ако Дана Вајт сака борби на секои два месеци, тогаш нека биде така.

Тоа е нивна компанија“, рече Лонго на „Аник & Флоријан подкаст“.

Реално, Махачев беше подготвен за борба налето, но нема очигледен претендент за титулата. Чарлс Оливеира и Бенеил Дариуш наскоро ќе дадат предизвикувач за појасот во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО