ИСИС му се заканува на борецот на УФЦ Тим Кенеди

tim kennedy-jeff bottari

ФБИ ја истражува „веродостојноста на заканата“ упатена на среднашот на УФЦ, Тим Кенеди.

36-годишниот Американец бил припадник на специјалните сили и учествуваше во окупацијата на Ирак и Авганистан. Се уште е активен член на Националната гарда во Тексас.

Ова не е прв пат дека Кенеди добива закани, но додека повеќето изгледаат безопасно, ФБИ неодамна контактирал со него за сериозни закани.

„Штотуку разговарав со ФБИ во врска со последните занаи на ИСИС. Не беа премногу одушевени од мојот одговор. Нека дојдат кукавиците“.

Според Кенеди, ФБИ му рекол дека неколку кориснилки сметки од кои стигале заканите за потенцијална опасност.

„Што е дефиницијата на тероризмот? Тоа е остварување на целта со употреба на сила и страв. Тоа се гадни, злосторници, одвратни луѓе кои не го почитуваат човечкиот живот. Јас ги учам луѓето како да живеат со тие закани. Кој би бил кога би се сокривал пред куп на кукавици кои се однесуваат како насилници на интернет“?, додаде Кенеди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО