Најдобриот јапонски ММА борец, Сатоши Ишии, веќе некое време престојува во Загреб, каде што се подготвува со легендарниот Мирко Филиповиќ за следната своја борба. Во интервју за Вечерњи лист, Ишии ги опиша неделите поминати во хрватскиот главен град, за причините зошто одлучил да дојде во Хрватска и откри кој е подобар: Кро Кап или Федор?
„Кога го видов со каква доминација го освои турнирот на Ризин во 43 година, посакав да видам како тренира Кро Кап, како се мотивира за тренинзи со кои доведува до така супериорна кондицикса форма. Сакав да ме поднаучи на многу работи, вклучувајќи ги и оние удари со лактите од подот, кој никој не го прави толку добро. Ме понучи Мирко и ниските и средно-ниски удари со нога, како и со бокс техники и влез комбинации, а тоа е тактика со која лесно може да дојдам до клинч за да го применам она што како џудист сум најдобар, а тоа се фрлањата. Кро Кап има многу добро развиен систем на тренинг, а ми понуди и многу добри вежбачи како Саша Милинковиќ и Анте Делија, а понекогаш доаѓа и најдобриот српски борец Дарко Стошиќ. Поради сет ова, сега сум најсреќниот јапонски борец. Пред Загреб, Ишии за борбите се подготвуваше во Холандија“, изјави Ишии, додаде:
„Но, таму главно спарирав, а многу малку работев со техниката, па сфатив дека тоа е погрешен начин и затоа дојдов Кро Кап да ми биде тренер. Не сакам пријателски однос во бизнисот. Јас сум од старата школа на борци и сакам да има некој кој ќе ме контролира во тренингот и кого ќе го следат. Досега не сум имал таков тренер, некој кој ќе ме ограничи во тренингот. Многу сакам да тренирам, но и тоа не е секогаш добро, па знаев и знаев да се повредам. Покрај тоа, во Холандија имав спаринг партнери кои се обидуваа да ме поредат, додека овде никој не го прави тоа“.
Со обѕир дека се борел и против Федор и против Кро Кап, Ишии е добар соговорник за проценка кој е подобар од овие двајца легендарни борци …
„Кро Кап е подобар. И тогаш удираше потешко отколку Федор кој за возврат прави огромен притисок на противникот. Денес во нивната борба би победил Мирко, затоа што е поподготвени, затоа што живее спартански. За среќа на Сатоши, иако не е склон на тренерската работа, Мирко на е-маил молбата одговори позитивно“.
Целиот разговор е многу интересен погледнете го на овој линк.