Ирецот Мек Грегор ги разбесни Британците: Еби ги политиката и религијата, еби ја Кралицата!

conor mc gregg Twitter

Конор Мек Грегор повторно е активен на социјалните мрежи, каде што уште еднаш го предизвика гневот на дел од навивачите со неговите пораки.

Откако тој се појави со цвет од афион, кој овие денови традиционално се носи секаде во Велика Британија и Комонвелтот во спомен на паднатите борци во војните, Ирски навивачи го прозваа за предавство на својот народ кој гинел борејќи се против британските власти.

Мек Грегор на својата страница на Фејсбук напиша: „Знам на кого сум лојален и што правам за својата земја. Не ми треба глупавиот цвет со 100 различни значења да ми каже дали ја претставувам мојата земја или не. Проверете го неговото оригинално значење Сите војски и сите војни. На моите ракавици е крвта на различни народи, со кои се борев и ги победив. А вие во раката држите пиво и келтски дрес на себе во локалниот паб. Ебете се вие и кралицата“.

Малку подоцна Ирецот продолжи на Твитер: „Еби ја политиката, еби ја религијата.Само сакам во мир да фрлам неколку леви и неколку десни удари за неколку стотици милиони“.

Мек Грегор го чека средбата со шампионот Хозе Алдо на УФЦ 194 во Лас Вегас на 12 декември.

Fuck politics and fuck religion. I just want to swing a few lefts and a few rights for a couple of hundred mill in peace.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО