Ирецот Волш е малер број 1 на ОИ: Скона да слави, се повреди и остана без злато (ФОТО)

Ирскиот боксер Ејдан Волш е малер број 1 на Олимпсиките игри во Токио. По победата над противник од Маурициус во четвртфиналето со што си обезбеди медал, Волш при прогласувањето на победникот високо скокна од радост, но при доскокот го свитка глуждот.

Повредата на скочниот зглоб беше прилично сериозна, па Волш мораше да се повлече од турнирот, и не настапи во полуфиналето, затоа ќе мора да се задоволи со бронзата која ја освојуваат поразените полуфиналисти, но можеше да атакува и на златото ако беше повнимателен при радоста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО