Французинот Алиев направи скандал на ОИ: Пцуеше и маваше по камерата (ВИДЕО)

Францускиот боксер Мурад Алиев беше креатор на скандалозно однесување на боксерскиот натпревар против Фрејзер Кларк во четвртфиналето од супертешката категорија од олимписката програма во Токио.

Алиев во текот на борбата користел недозволени потези, а во еден момент го удрил својот противник и со глава, по што стигна официјална негова дисквалификација.

Французинот не можеше да ја прифати ваквата одлука на судиите, па збесна откако истата беше официјално соопштена.

Прво тој почна со сочни пцовки да ги навредува официјалните лица, а потоа почна да мава и по камерата која го снимаше двобојот.

Инаку, Алиев до дотогашниот дел од борбата беше подобар противник, па тоа уште повеќе го налути и го натера на таков непристоен начин да го исфрли својот гнев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО