Ирански клуб триумфираше на Светското клупско првенство во слободен стил и освои 20.000 долари од наградниот фонд.
Шампионите ги претставуваше тимот на градот „Џјубар“, кој во финалето 6-2 го победи американскиот „Меркур“. Јенките си заминаа со чек од 15.000 долари.
За успехот на домаќините помогнаа и двајца руски натпреварувачи од Дагестан.
Во групната фаза „Џјубар“ ги победи сонародниците од „Кефајати“, а потоа беше подобар и од екипите на Куба и Бурунди. Во полуфиналето беше совладана уште една иранска екипа, „Кереџ“, кој во конечниот пласман беше трет и се задоволи со награда од 10.000 долари.
Во трката за светски клупски првак учествуваа 15 клуба од 11 земји.
Џјубар (Иран) – Меркур (САД)
57 кг Хасан Рахим – Тони Рамос 9-0
61 кг Бекхан Гогереев – Џо Колон 10-0
65 кг Магомед Курбаналиев – Рис Хемфри 4-4 – победа за Курбаналев
70 кг Мехди Тагави – Адам Хол 3-0
74 кг Еатола Акбар – Ендрју Хоу 1-2
86 кг Мохамад Ебрахими – Дарен Крило 10-2
97 кг Џамал Мирзаи – Винг Михалак 12-0
125 кг Саед Мусави – Тајра Фочун 3-3 – победа за Фочун