Ирански боксер е осуден на смртна казна оти протестирал

>Боксер е осуден на смрт во Иран за неговата улога во протестите во 2019 година, соопштија денеска невладините организации за човекови права, 15 месеци откако егзекуцијата на борач предизвика меѓународен гнев.
Мохамед Џавад Вафаи-Сани (26) е осуден на смрт за палење и уништување владини згради, соопшти невладината организација Иран за човекови права (ИХР) со седиште во Норвешка.

Тој бил приведен во февруари 2020 година, за учество во демонстрации во ноември 2019 година, предизвикани од наглото зголемување на цените на горивото, соопшти организацијата.

Неговата судбина потсетува на судбината на 27-годишниот борач Навид Афкари, кој беше обесен во септември 2020 година и покрај меѓународниот бес и повиците да му се забрани на Иран да учествува на спортски натпревари. Афкари беше егзекутиран за убиство извршено за време на протест две години претходно, но неговото признание било извлечено преку тортура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО