Иран суспендиран од Меѓунардоната џудо федерација

Меѓународната џудо федерација (ИЏФ) му забрани на Иран да се натпреварува заради одбивањето на нивен џудист да се бори против Израелец.

Федерацијата минатиот месец издаде привремена забрана додека го рагзгледуваше извештајот според кој џудист добил наредба намерно да го загуби мечот на Светското првенство за да ја избегне средбата со Израелец во следната рунда.

„По настаните што се случија за време на последното Светско првенство оваа година во Токио, се објавува забрана за учество на Иранската џудо федерација на меѓунардони настапи“, се вели во соопштението на Меѓународната џудо федерација.

Иранецот Саид Молаи, бранејќи ја светската титула во јапонската престолнина во август, призна дека му било наредено да го откаже полуфиналето, наместо да се сретне со израелскиот претставник во финалето од 81 килограм. 27-годишниот џудист се повлече во полуфиналето и последователно ја изгуби и борбата за третото место. Молеи подоцна изјави дека му било наложено да се повлече од шампионатот од страна на претседателите на Иранската џудо федерација и Иранскиот олимписки комитет.

Отфрлајќи ги обвинувањата нанивна адреса, Иранската федерација ги негираше притисоците врз Молеи да се повлече од СП. Џудо е еден од најсилните спортови во Иран и забраната доаѓа како сериозен удар за амбициите на земјата девет месеци пред почетокот на Игрите во Токио. Се очекува Техеран да ја обжали одлуката на Меѓународната џудо федерација пред Арбитражниот суд во Лозана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON