ИОК: Париз домаќин на Летните олимписки игри во 2024, а Лос Анџелес во 2028 година

Париз ќе биде домаќин на Летните олимписки игри во 2024, а Лос Анџелес во 2028 година, објави Меѓународниот олимписки комитет (ИОЦ) на седницата на Извршниот комитет во Лима.

Двата града конкурираа за Игрите во 2024, четири години по оние во Токио, пред да биде постигнат компромис, откако Лос Анџелес се согласи да почека уште четири години. Претходно, Хамбург, Рим и Будимпешта ги повлекоа своите кандидатури, со што трката невообичаено се сведе на само два града, па ИОК немаше многу дилеми.

ИОК во јуни одлучи организаторите на двете олимпијади да бидат избрани во исто време.

И Париз и Лос Анџелес веќе по двапати беа домаќини на ЛОИ: калифорнискиот град ги организираше во 1932 и 1984 година, а француската престолнина во 1900 и 1924 година, што значи дека чекаше цел век на трета можност, откако беше одбиен во 2008 и 2012 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON