ИОК дава втора шанса од една недела: МОК, АМС и Влдата треба да го договорат состанок во Лозана

Откако Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) не доби конкретен одговор по првото предупредувачко писмо минатиот месец пратено до Македонскиот олимписки комитет, Владата на Р. Македонија како и Агенцијата за млади и спорт во рок од еден месец да договорат соодветен датум за состанок во Лозана, Македонија добива втора шанса.

Претседателот на МОК, Васил Тупурковски, викендов имаше состанок во Лозана, а по тој следи ново писмо до нашите највисоки институции. Во понеделникот ИОК соопшти дека дава нов рок, од една недела до овие три засегнати страни да одредат датум за средба во седиштето на ИОК.

Главна тема на разговор ќе биде спроведувањето на задачите од ИОК за промена на Законот за спорт, како и промена на статусите на националните федерации и МОК, кои треба да се во согласност со статусите на меѓународните спортски асоцијации, односно ИОК, и секако потпишувањето на мемрандумот за независност и автономија на секоја спортска федерација, потпишан од Федерацијата, МОК и АМС.

ИОК дава рок од шест месеци за да се направат овие промени, во спротивно одново повтори дека ќе се повика на точката 27.9 од нејзиниот статус кој вели „суспензија на националниот спорт“.

МОК, АМС и Владата имаа еден состанок, кој не се покажа конструктивен, па сега се чека да се види дали ќе ја искористат втората шанса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО