Иницијативниот одбор за свикување на вонредно Собрание упати барање до претеседателот на Карате федерацијата на РС Македонија во кое укажува на нестатутарни активности, доставување на материјали за вонредното Собрание. Ова барање е испратено и до Агенцијата за млади и спорт, клубови членки на КФРСМ и спортски медиуми.
Во целост го пренесуваме барањето:
„На ден 06.10.2022 година преку овластениот мејл на КФ на РСМ до сите клубови членки доставивте дописи со кои доставувате материјали потпишани од ваша страна, а се во врска со нашиот Предлог за свикување на вонредно Собрание поднесен од страна на 30 клубови членки на КФ на РСМ, поднесен од наша страна до вас на ден 26.09.2022 година.
Ве известуваме дека согласно членот 29 од Статутот на Карате федерацијата на РСМ и согласно Законот за здруженија и фондации, должни сте најмалку 7 дена пред одржување а најдоцна до 08.10.2022 година (вонредното Собрание го закажавте на 15.10.2022 година), а согласно чл.28 ст.3 од Статутот на Карате федерацијата на РСМ „Предлогот за свикување на Собранието се доставува во писмена форма до Претседателот на Федерацијата. Во предлогот треба да се предложи и наведе дневен ред со соодветно образложение, да се достават соодветни материјали, како и да биде потпишан од предлагачите од став 2 од овој член.”
Вака доставените материјали не се веродостојни и ние не ги прифаќаме бидејќи не се поднесени ниту потпишани од наша страна, туку вие и вашиот тим сте додале материјали кои ние ги немаме доставено до вас, а тоа се материјалите назначени како „Записник од Вонредно Собрание на КФРСМ одржано на ден 12.03.2022 година” и материјалот назначен како „Заклучок од ИО на КФРСМ по наводите во барањето за вонредно Собрание“.
Ве известуваме дека доколку не ги повлечете материјалите кои не ви се доставени и потпишани од наша страна ќе сметаме дека ја злоупотребувате својата положба како претседател на КФРСМ и намерно вршите опструкција на нашиот Предлогза свикување на вонредно собрание и си земате за право да предлагате и вметнувате материјали кои ние не сме ги доставиле до вас, за што имаме писмени докази. Во вакви услови кога ние предлагаме вонредно Собрание за гласање на ваша доверба вие немате ниту право ниту можност да предлагате дневен ред и да доставувате дополнителни материјали. Како претседател на КФ на РСМ вие сте имале неограничена можност да свикувате собрание и да предлагате дневен ред во секое време, меѓутоа тоа не сте го сториле од ваши познати причини или пак од ваша неукост и незнаење. Затоа бараме од вас најдоцна до 08.10.2022 електронски или писмено ги повлечете материјалите кои иницијативниот одбор за свикување на вонредно Собрание не ви ги доставил во својот предлог и да доставите покана и материјали кои се веродостојни и доставении потпишани од наша страна до вас. Се друго што ќе доставите не може да биде разгледувано, ниту, пак, да влијае во одлуките на членовите на собранието од наша страна ќе биде толкувано како злоупотреба и силување на правната процедура, за што ќе бидеме приморани нашите права да ги бараме во судски постапки, вклучувајки го и кривичниот прогон.
Поради тоа ве известуваме дека доколку не ги повлечете материјалите кои ние не сме ги доставиле и потпишале во предлогот за свикување на вонредно Собрание, ќе сметаме дека не сакате да го свикате Собранието во законски и статутарно предвидената процедура и во законски и статутарно предвидените рокови, па во таков случај, согласно членот 28 од Статутот на Карате федерацијата на РСМ и согласно Законот за здруженија и фондации, предлагачите ќе ја преземат организацијата на вонредното Собрание, а сите направени трошоци од ваша страна за вакво нестатутарно и незаконско свикано собрание не ги признаваме.
Напомена: Ве известуваме дека согласно чл 26 од Статутот на КФРСМ кој е потишан од вас, Собранието е највисок орган при КФРСМ па поради тоа Извршниот одбор не може и не смее да му доставува заклучоци на Собранието. Напротив, Собранието може да му достави заклучоци а Петседателот на КФРСМ и Извршниот одбор при КФРСМ се должни да ги постапат и спроведат барањата и заклучоците на Собранието.
Со ваквите нестатутарни и незаконски дејанија повторно покажувате дека не заслужувате да ја водите Карате федерацијата на РСМ и дека за вас неважи ниту статут ниту закон“.
(Овој допис го изразува личното мислење на авторите и може да не се совпаѓа со редакцискиот став на Ипон.мк.)