Карате клубот Металург и македонското карате изгуби еден од своите истакнати ченови, карате мајстор 4 дан, Властимир Јовановиќ – Чен, кој почина по кратко боледување.
Тој беше член на сениорската карате репрезентација на Македонија за која настапуваше на Меѓународниот карате турнир „13 Ноември“ во Скопје, како и на други меѓународни турнири надвор од Македонија.
Во 1986 година на Државното првенство на Југославија во Прилеп стана вицешампион во лесна категорија, а подоцна на подготовките се избори и за место во сениорската карате репрезентација на Југославија со која истата година настапи на Европското првенство во Мадрид-Шпанија.
Во 1987 година со своите борби придонесува КК Металург да го освои 2-то место во Сојузната карате лига ИСТОК (со ист број бодови како и првакот КК Нови Београд и победа на Металург во меѓусебниот дуел).
Ќе остане запаметен по неговите исклучителни карате техники и одличните борби.
Карате клубот Металург и Ипон.мк изразуваат сочуство до неговата фамилија за ненадонаместливиот губиток.
Погребот е денеска во 14:30 часот на гробиштата во Камник (населба Ченто).
Ipon.mk