ИН МЕМОРИАМ: Томе Коцев беше дел од шампионските генерации на Балканец

Почина Томе Коцев, актуелниот претседател на „Здружението на борачи ветерани на Македонија” и борач од шампионските генерации на Балканец.

Томе Коцев го освои 5 место на ЕП во Катовице-Полска 1970 година, как и на ЕП Хусварна. Ги бранеше боите на шампионските генерации на Балканец од Штип, каде и што беше тренер од 1987 до 1999 година, кога овој клуб беше најдобар во Македонија. Беше учесник во КЕШ 1972-74, а во 1971 година е прогласен за најдобар спортист на Штип.

Тој е добитник и на наградта „8 Септември“.

Томе Коцев беше тренер и на ателетскиот клуб од Штип.

Погребот ќе се изврши денес на градските гробишта во Штип.

Неговото тело ќе биде изложено од 13 до 14 часот во капелата.

Бог да го прости!

Сочувство до семејството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО