IN MEMORIAM: Почина боксерската легенда-акдемик Емил Жечев

Emil Zecev

Највисокотираниот Бугарин во светските боксерски структури, академик Емил Жечев, почина синоќа на 88-годишна возраст, по догло боледување. Во својата кариера тој ги помина сите нивоа во боксот. Академикот беше прогласен три пати како најдобар судија на Оолимписките игри.
Тој беше долгогодишен претседател на Европската боксерска асоцијација (ЕАБА), потпретседател на глобалната (АИБА) и шеф на судиската комисија на АИБА. Жечев беше професор во НСА и академик во Спортската академија во Санкт Петербург и Баку. Во негово време бугарскиот бокс ги има постигнато најголемите успеси.

Жечев беше голем пријател на македонскиот бокс и боксери, кој повеќе пати престојувал во Македонија. Како новинар, на Европското првенство за кадети во Битола, направив едно интересно и занимливо интервју.

Погребот на легендарниот деец е во сабота од 10.30 часот на Централните софиски гробишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО