ИН МЕМОРИАМ: Мaкедонскиот каратист, спортист и хуманист Емил Илиќ – секогаш победуваше за Македонија!

Мaкедонскиот каратист, спортист и хуманист Емил Илиќ почина денеска.

Тажната вест ја објави неговиот брат Ерол.

Емил беше дел од КК Вардар, каде што со успех настапуваше. Од друга страна, тој беше и голем вљубеник и во џудото.

Илиќ цела кариера носеше победи за Македонија, ја претставуваше државата достоинствено ширум светот и беше добитник на бројни награди и признанија.

Во 2016-та година познатиот спортист, хуманист и светски рекордер Емил Илиќ, придружуван од тројца млади маратонци, го заврши пешачкиот маратон во должина од 268 километри, што се реализираше по повод 25-годишниот јубилеј од независноста на Република Македонија.

Емил Илиќ во 2007-ма година се стекна со титулата светски рекордер во пешачки маратон, што му ја издаде Академијата за светски рекордери од Лондон, Велика Британија.

Беше познат и по тоа што е првиот човек кој со тренерки и македонско знаме влегол во зградата на НАТО.

Во Рим има остварено средба со Папата Франциск.

Сочуство до семејството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON