АктуелноДомашна сценаКарате

ИН МЕМОРИАМ: Илија Ташев – Зевс, карате-до мајстор 7-ми дан и мајстор во реално аикидо

Почина Илија Ташев – Зевс, карате-до мајстор 7-ми дан и мајстор во реално аикидо, по професија дипломиран економист.

Илија Ташев – Зевс е еден од пионерите на каратето во Мкаедонија. Тој е роден на 31.08.1950 година во Скопје.

Завршил Економски факултет, бил судски проценител, овластен сметководител а еден временски период бил и вршител на должноста економски директор на Клиниката за детска хирургија во Скопје.

Со карате почнува во 1969 година во Карате клубот Металург, каде прв тренер му е Стефанчо Крстевски, по некое време поминува во Партизан 3 кај Драган Савиќ – Ѓоле за подолго да се задржи во Карате клубот Работнички раководен од Венцислав Недев.

Има овоено повеќе медали, а како најзначајни ги издвојуваше: прв републички првак на Македонија во полусредна категорија  1971/72 и трет во апсолутна категорија истата година (прв е Исмет Махмети а втор е Добре Кралевски, обајцата од Скопје) .

Во 1975 година го формира Карате клубот Железарец од Скопје, кој под негово водство, над 20 години беше успешен организатор на еден позначаен карате турнир, посебно важен за помладите возрасни категории.

Илија беше успешен тренер и карате судија при што остави познаќаен белег во развојот и афирмацијата на каратето во Македонија.

Илија Тахсве Зевс, во повеке мандати беше делегат на Конференцијата/Собранието на Карате сојузот на Македонија .

За свој најголем резултат го сметаше освоеното 2-ро место во 1973 година како член на екипата на Карате клубот Работнички од Скопје на еден од, во тоа време најсилните карате турнири, карате турнир на екипи од саемските градови во поранешна Југославија.

Господ Бог да го прости….СЛАВА МУ!

(Благодарност до Унијата на карате ветерани на Македонија за податоците)

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON