ИН МЕМОРИАМ: Дуре Арифов легенда на штипското и македонското борење

Почина легендарниот штипски и македонски борач, Дуре Арифов (67), кој беше член на „златните генерации“ на Балканец, кога штипјани учествува во Купот н аевропските шампиони (КЕШ) 1973, 1974 година. Тогаш Балканец беше втор и трет во КЕШ.

Дуре Арифов е носител и на медал од Балканското првенство. Потекнува од еснафско семејство. Со љубов работеше во борењето. Беше миленик на штипјани. Комуникативен, коректен, скромен. Секогаш беше со Балканец и го поддржуваше во се. Ретко се таквите спортисти и спортски работници кои ги почитуваат и другите.Не сакаше кавги, Никогаш не се експонираше со големите резултати.

Дуре Арифов го задолжи штипскиот и македонски спорт. Вечна му слава. Бог да го прости и да му подари Царство Небесно!

Погребот на Дуре Арифов ќе се изврши утре. Посмртните останки на Дуре Арифов ќе бидат изложени утре од 11 до 12 часот во штипската капела, а погребот ќе се изврши во 14 часот на муслиманските гробишта во Штип.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО