Само пред неколку дена напишавме дека Бунјамин Нуиши настапува на „Шалвари купот“ во Турција во традиционално борење каде што имаше натпреварувачи од 70 држави. Борачот на Тефејуз е пример за спортист. Македонското борење загуби голем талент и тоа додека обзбедуваше праче леб за себе и семејството на работно место.
Сочувство до семејството.
Имено, според полицискиот извештај, две лица се убиени рано изутрина во грабеж на казино во Скопје. Крвавиот грабеж се случил нешто пред пет часот утрината кога четири вооружени лица упаднеле во казиното на улица „Јадранска магистрала“, во скопско Визбегово.
Напаѓачите почнале да пукаат кон присутните, при што било застрелано 22 годишно момче државјанин на Косово, кое подацна починало од повредата.
Жител на село Крушопек, скопско, ангажиран како приватно обезбедување во казиното, со кундак бил удрен во главата, по што и тој починал. Напаѓачите потоа од касата го одзеле дневниот промет и заминале. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.