Првиот ден македонските сумо борачи направија вистинска сензација. Во три категории младите борачи на Балканец од Штип станаа европски шампиони во сумо борење.
Титулите ги освоија- во категоријата до 55 кг за борачи до 14 год Давид Мишев, до 65 кг до 18 год. европски шампион стана Серхан Шакиров, а до 90 кг за борачи до 16 год Дарио Величковски. Инаку сите се борачи на Балканец од Штип, чиј тренер е Виктор Богданов, кој е претседател на Македонската федерација за сумо борење. Исто така, второ или сребрен медал освои Дарко Иванов (-80 кг) за 16 години, а Петар Тодев беше трет до 70 кг до 16 год. Најдобри резултати првиот ден постигнаа репрезентациите на Бугарија, кои допатуваа со 90 натпреварувачи и во женска и машка конкуренција и на Грузија.
На крајот од првиот ден се одржаа екипните борби.
Штип овие два дена е домаќин на ЕП во сумо борење. Учествуваат 7 репрезентации со околу 200 учесници. Првенството го отворија преставникот од Европската унија на сумо борење, Стивен Гард и градоначалникот на Штип, Илчо Захариев. Стивен Град го заврши обраќањето пред присутните гледачи во салата „Јордан Мијалков“ во Штип на македонски јазик со зборовите „Македонија нека е вечна…“
На отворањето на првенството присуствуваа и пратениците Трајче Димков, Никола Мицевски и Генералниот секретар на Спјузот на спорстки федерации на Македонија, Борче Боев, кој даде и голем придонес за беспрекорната организација на ЕП.
Првиот ден се натпреваруваа младите сумо борачи до 18 години, а утре ќе се борат сениорите. На ЕП учествуваат- Германија, Бугарија, Грузија, Унгарија, Велика Британија,Холандија и Македонија. Еве ги постигнатие резултати:
Македонија- Германија 2-1 (боите на Македонија ги бранеа Александар Донев, Серхан Шакиров и Михаил Николов)
Грузија- Бугарија 2-1
Унгарија- Германија 2-1
Македонија- Грузија 1-2
Бугарија- Германија 2-1
Македонија- Унгарија1-2
Германија- Грузија 0-3
Бугарија- Македонија 3-0
финале
Унгарија- Грузија 0-3
Македонија во екипна конкуренција го освои 4 место, што преставува извонреден резултат.
Ipon.mk/К.М.