Швеѓанецот кој се натпреварува во полутешка категорија, Илир Латифи не успеа да си ја оствари желбата да му се спротивстави на Даниел Кормиер, но наместо тоа тој ќе се бори со Кори Андерсон на УФЦ 232 – последниот настан во годината на 29 декември.
Латифи (14-5-0) последната победа ја забележа против поранешниот предизвикувач за привремената титула Овинс Сент Про. Тој успеа да го задуши откако го зашемети со десен удар уште во првата рунда на УФЦ на Фокс на 28 во февруари. Потоа ОСП дури и ја изгуби свеста.
Швеѓанецот потоа влезе во борбаа против Тајсон Педро и го победи со одлука на судиите. Латифи моментално е 7-3 во октагонот. Загуби во деби против Гегард Мусаси, кој беше главниот настан на УФЦ Стокхолм во 2013 година. Јан Блаховиц и Рајан бадер се преостанатите двајца кои го победиле Слејџхамер во УФЦ.
Андерсон (11-4-0) моментално е во серија од две победи. Последната му беше со судиска одлука против Гловер Тешеира на УФЦ Хамбург, што се одржа во мај – веројатно неговата најголема битка до овој момент. Претходно славеше над Патрик Каминс со одлука на судиите.
‘Беастин’ 25/8 “е со скор 8-4 во УФЦ. Претрпе зпорази од Џиан Виланте, Маурисо Руа, Џими Мнаува и Овинс Сент Про.