АктуелноДомашна сценаКик бокс
Илиоски и Бузалковски поделија пакетчиња на децата од ДУ за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“

Најдобриот македонски кикбоксер, Бобан Илиоски и најдобриот мото-споортист, Христијан Бузалковски, во пресрет на новогодишните празници им поделија пакетчиња на децата од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје.

Добротворната акција е организирана преку црквата Свети Петар и Павле во Ново Лисиче и отец Методија Митановски.

Децата се радуваа и на пакетчињата и на посетата на шампионите кои гордо го креваат македонското знаме ширум светот.




