Синоќа Бобан Илисоки извојува ефектна нокаут победа во првата рунда против Месуд Селимовиќ од Босна и Херцеговина во категоријата до 84 килограми во К-1 во ВАКО про на кик бокс спектаклот во Белград „Роуд ту ОНЕ“.
„Борбата почна агресивно, но јас бев добро подготвен. Како што реков и порано, бев на подготвоки во Бања Лука и тренирав со добар спаринг партнер, Чедо Пантиќ и неговиот тренер Предраг Станковиќ. Ао моите тренери Дејан Митровски – Урко и Драган Атанасовски подготвивме добра тактика. Мечот испдна како што треба, публиката во салата беше презадоволни и атмосферата што ја направија ми даде дополнителен стимул и адреналин.
Инаку, на рингот излегов со христијанска црковна песна“, изјави Илиоски за Ипон.мк.
Тренерот Митровски изјави дека Илисоки е подготвен да се бори со секого и дека ги прифќа сит предизвици.
„Ги прифаќам сите борби. Никогаш не сум одбил и нема да одбијам борба. Фокусот ми е на Светското првенство во октомври во Италија, до тогаш само тренинг и константно борби“, вели Илиоски и додава:
„Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на мојот спонзор кафе Хелиум за поддршката“.
Митровски претходно рече дека Бобан Илиоски прикажа офанзивна борба во неговиот препознатлив стил кој нему му лежи, влегувајќи во рингот уверен дека ќе бобеди .
„На противникот му направи таква пресија што тој воопшто не можеше да возврати ниту еден удар, така што Боби ја доби борбата во првата рунда со нокаут со колено во глава“, истакнува Митровски со порака:
„Боби секојдневно напорно тренира и во периодов ги прифаќаме сите понудени борби за да се подготви за престојното Светско ВАКО првенство оваа година, бидејќи светската титула веќе 3 години по ред за влакно му бега. Оваа година ја има зацртано да ја освои“.