Берат Јакупи и Ангела Мојсовска последна надеж за олимписка карате норма

И денеска немаше моменти за радост на македонските каратисти на Квалификациите во Париз за Олимписките игри во Токио. Вероника Костовска и Петар Заборски извојуваа по една победа, а во наредните борби беа поразени.

Останува надежта е во искусниот Берат Јакупи и младата и талентирана Ангела Мојсовска кои на татамито ќе излезат утре.

Квалификации за Олимписките игри во Токио – Париз:

-55 кг
Симона Заборска – Јамила Бенитез (Аргентина) 0-1

-61 кг
Вероника Костовска – Кристина Мах (Австралија) 6-0
Вероника Костовска – Ана Ленард (Хрватска) 0-1

+61 кг
Ангела Мојсовска – Еми Томасон (Нов Зеланд)

-67 кг
Емил Павлов- Салиу Диуф (Сенегал) 1-1
Емил Павлов – Султан Алзахрани (Саудиска Арабија) 1-4

-75 кг
Петар Заборски – Реза Никбаш (Канада) 1-0
Петар Заборски – Квентин Маходен (Белгија) 1-2

+75 кг
Берат Јакупи – Брајан Ир (САД)

Кати
Пуликсенија Јованоска во четвртата група со 11 натпреварувачки доби оценка 21,86 и е седмопласирана во групата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО