АктуелноБоксПрофесионален

Илија Топурија сака боксерски меч со победникот од Канело – Крофорд

Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Илија Топурија, ја откри својата амбиција да се обиде во професионалниот бокс. Шпанецот, кој е од грузиско потекло, рече дека сонува да се соочи со победникот од претстојната мега борба меѓу Сол Алварез-Канело и Теренс Крофорд.

„Дури и ако ми остануваат повеќе борби според мојот договор со УФЦ, секогаш можам да побарам дозвола да боксирам. Тие му ја дадоа оваа дозвола на Конор Мек Грегор, зошто да не и на мене? Навистина би сакал да боксирам“, изјави Топурија за поткастот Нелк. „Канело беше мој идол. Секогаш ги почитувам моите противници, но сакам да пробам нешто ново. Ако го направам тоа, нека биде сега. Можеби ќе бидам првиот борец на УФЦ што ќе освои и светска титула во бокс“.

Светскиот шампион Канело Алварез реагираше со почит на иницијативата на Топурија, но јасно стави до знаење дека неговиот моментален фокус е на борбата со Крофорд: „Никогаш не сум ја гледал неговата борба во целост, но ја ценам почитта. Засега, сепак, имам други приоритети – размислувам за борба со Крофорд“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON